1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама одговара прашања на „Твитер“

Претседателот на САД, Барак Обама, на 6. јули ќе одговара на прашања на граѓаните и со нив ќе води дискусија за економски прашања и тоа преку социјалната мрежа „Твитер“.

default

Обама досега има одговарано на прашања на социјални сајтови, меѓу кои и „Фејсбук“, но Белата куќа истакнува дека ова е првпат кога прашањата ќе бидат поставени на „Твитер“. Лицата кои ја водат кампањата на американскиот претседател минатата недела рекоа дека Обама почнал редовно да „твитува“. Пораките кои претседателот ќе ги праќа преку својата страница на „Твитер“ ќе бидат потпишани со „БО“.

Вака изгледа профилот на Обама на „Твитер.“

Flash-Galerie Prominente bei Twitter

Автор: ТТ/СН/миа

Редактор: Симе Недевски