1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама објави крај на ирачката војна

Американскиот претседател Барак Обама синоќа објави дека САД до крајот на годинава ќе ги повлечат сите војници од Ирак. Ирачаните ја преземаат одговорноста за безбедноста на својата земја.

default

Барак Обама

По речиси девет години, за Америка стигна крај на војната во Ирак, објави Обама во Белата куќа. Изјавата тој ја даде по видео-конференцискиот разговор со ирачкиот премиер Нури ал Малики.

Обама и Малики стигнале до заклучок дека тоа е најдоброто и за двете земји. Повлекувањето на американските војници од Ирак значи дека воената улога на САД во Ирак дефинитивно е завршена.

Во Ирак моментално се наоѓаат околу 39.500 американски војници.

САД и Ирак преговараа дали по повлекувањето во Ирак да останат неколку илјади американски војници, кои ќе работат како инструктори, или сите да заминат до крајот на годинава, како што е планирано. Спорниот момент беше дали оние војници кои ќе останат ќе добијат имунитет за судска истрага, како што бараше Вашингтон. Очигледно, преговорите на оваа тема завршиле без успех.

Автор: ЖА/СН/миа/дв

Редактор: Симе Недевски