1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама-Нобеловец со „голема понизност“

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Осло и официјално ја прими Нобеловата награда за мир. Во говорот тој истакна дека во споредба со некои од претходите добитници, неговата достигнувања се мали.

default

Обама на денешното доделување на наградата

Американскиот претседател Барак Обама и првата дама, Мишел Обама, пристигнаа во Осло рано утринава, а нивната прва станица беше Нобеловиот институт, каде заедно се потпишаа во книгата на посетителите.

Obama Nobelpreisverleihung

Обама: Постојат луѓе кои повеќе ја заслужија оваа награда

Уште пред официјалното врачување на наградата, Обама истакна дека без сомнение, има други луѓе кои годинава повеќе ја заслужиле наградата, отколку тој. Подоцна во говорот, Обама истакна дека прима наградата со „голема понизност“. Осврнувајќи се на војната што ја води во Авганистан, истакна дека луѓето мора да се соочат со „тешката вистина“ дека насилството некогаш не може да се спречи и дека има ситуации во кои државите мора да се одлучат да поведат војна, ако сакаат да го заштита сопствениот народ од злобните режими или терористички групи.

Сепак, порача американскиот претседател, САД не смеат да ги компромитираат своите идеали и мора да се придржуваат до правилата на војувањето.

Комитетот за доделување на Нобеловата награда за мир го одбра Барак Обама за годинашен лауреат, поради неговите напори да почне нова ера на поголем ангажман и мултилатерализам во американската надворешна политика. Ова наиде на критики во јавноста, особено по минатонеделната најава на Обама дека ќе испрати уште три илјади војници во Авганистан.

Автор: ТТ/ЕМФ.афпе/апе/

Редактор:Жана Ацеска