1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама не се откажува од воените трибунали?

Американската администрација во Вашингтон предизвикува бура реакции - владата наводно планира да не се откаже од спорните воени трибунали за Гвантанамо.

default

Во судската сала во Гвантанамо

„Гвантанамо ќе биде затворен за една година“ Ова го изјави американскиот претседател Барак Обама непосредно по преземањето на функцијата. Тој тогаш најави и дека постапките против лицата осомничени за тероризам пред воените судови во Гвантанамо ќе бидат прекинати до 20 мај.

Стара игра, нови правила

Сепак Обама и неговите советници во меѓувреме очигледно ги гледаат во поинаква светлина воените судови во Гвантанамо и нивните процеси против осомничените терористи на Ал Каеда.

„Во моментов се наоѓаме во процес на формирање на мислење и имаме добар напредок“, изјави најблискиот советник на Обама, Дејвид Акселрод за радио-станицата „НПР“. Колку повеќе правниците во владата по стапувањето на Обама на функцијата се занимаваа со воените трибунали во Гвантанамо, толку помалку негативна е нивната пресуда за нив, цитираше за време на викендот весникот „Њујорк Тајмс“ неименуван претставник на администрацијата во Вашингтон.

И американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс минатиот четврток пред еден комитет на Конгресот истакна дека воените судови во Гвантанамо и натаму се

USA Kuba Guantanamo Oberster Gerichtshof

До 2010 Гвантамо треба да биде затворен

опција. Тоа меѓутоа не беше единствената изненадувачка изјава на министерот, известува реномираната радио емисија „Демокраси нау“. Според новинарите, Гејтс најавил дека стотина затвореници би можело по затворањето на Гвантанаму без судски процес, на неопределено време да бидат и натаму затворени и тоа на територијата на САД. Гејтс според информациите на „Демокраси нау“ изјавил и дека во случај на нужда тој би морал дополнително да побара и 50 милиони долари за изградба на нов анти-терористички затвор.

Многу затвоореници од Гвантанамо се премногу опасни за да бидат ослободени изјавил Гејтс. Во недостаток од докази меѓутоа тие не можат да бидат осудени.

Многу докази потекнуваат од сослушувањата на ЦИА

Меѓутоа советниците на Oбама гледаат огромни потешкотии за судење на затворениците од Гвантанамо пред регуларните американски судови и при појасна состојба со доказите. Имено многу од т.н. докази се базираат на сослушувањата изведени од ЦИА под услови на измачување и поради тоа не би биле признати од страна на американските судови. Покрај тоа припадниците на тајните служби поради опасноста од разоткривање на нивните активности и идентитет би се колебале да се појават пред нормалните американски судови. Наскоро за овие проблеми ќе биде заземен став, најави советникот на претседателот Обама, Дејвид Акселрод.

Владата на Барак Обама под вакви околности веќе во оваа недела повторно ќе ги ангажира трибуналите во Гвантанамо. Организациите за човекови права како „Хјуман рајтс воч“ реагираат со жестока критика, а голем број приврзаници на Обама се огорчени.

Автор: Ралф Зина / Симе Недевски

Редактор: Алексанадра Трајковска

DW.COM