1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама не се договори со конгресмените

Падна вредноста на американскиот долар во однос на водечките светски валути, поради првата финансиска блокада на американската Влада во минатите 17 години. Обама и конгресмените не успеаја да најдат излез од проблемот.

На светските берзи нема паника, бидејќи меѓународните финансиски пазари со денови се подготвуваа за овој можен расплет од гласањето во американскиот Конгрес.

„Доколку блокадата потрае подолго од неколку дена, расположението на берзите може да се промени особено ако трговците почнат посериозно да ја поврзуваат таа блокада со претстојното изјаснување за дозволената висина на задолжување во САД“, наведуваат во лондонско Сити.

Претседателот Барак Обама се сретна со републиканските и демократските лидери во Конгресот во обид за надминување на ќорсокакот, поради кој беше затворена администрацијата на федералната влада, но решение на вчерашниот состанок не се најде.

Boehner - US-Republikaner

Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бонер

По еден час разговори, спикерот на Претставничкиот дом Џон Бонер изјави дека претседателот Обама одбива да преговара, додека пратениците од редовите на демократите – Ненси Пелоси и Хари Рајд ги обвинија републиканците дека се обидуваат да го држат претседателот во заложништво, поради неговата реформа на здравствениот систем.

Додека политичарите бараат решение, стотици илјади работници во администрацијата се соочија со втор ден без работа. Поради затворањето на администрацијата во понеделникот на полноќ по американско време, се покрена прашањето дали владата во Вашингтон е способна да ги извршува некои од своите суштински обврски. Дел од експертите проценуваат дека ваквата мерка може да има мала штета на краток рок за најголемата светска економија.