1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама не потклекнува!

Во првиот говор за состојбата на нацијата, американскиот претседател Барак Обама ги препозна грешките направени во изминатата година и најави промена на курсот во внатрешната политика.

default

Барак Обама

Неговата влада во првата година од мандатот претрпе политички удари, многу од нив заслужено, рече Барак Обама пред двата дома на Конгресот во Вашингтон.

Промената која им ја ветив на граѓаните, за многумина Американци не пристигнува доволно брзо, рече претседателот и изрази разбирање за разочарувањето на голем број сограѓани. Но Обама нагласи дека нема да се откаже.

Централна задача-нови работни места

Барак Обама најави дека централна тема на работата на неговата влада ќе биде создавање на работни места:

„Луѓето се без работа, страдаат и им е потребна нашата помош. Неодложно ќе барам да се подготви закон за создавање работни места.“ Претседателот најави дека 30 милијарди долари, кои големите банки ги вратија од државната помош, има намера да ги инвестира во малите претпријатија.

Во борбата против високите државни задолжувања, Обама предложи во наредните три години од мандатот да биде замрзнат дел од буџетот. За оваа 2010 година се планирани заштеди во висина од 20 милијарди долари. Обама најави дека и натаму ќе се залага за неговата оспорувана здравствена реформа.

Obama / Rede an die Nation / USA

Повлекување од Ирак

Во делот од говорот кој се однесуваше на надворешната политика, Обама ја потврди намерата до крајот на август да ги повлече сите борбени американски трупи од Ирак. САД ќе му пружат помош на Ирак во спроведувањето на парламетнарните избори и ќе му помогнат на населението на патот кон благосостојбата, подвлече американскиот претседател. За ангжманот во Авганистан, претседателот истакна:

„Ни престојат тешки времиња,“ но Обама изрази и оптимизам дека авганистанските трупи ќе бидат обучени и од јули 2011 постепено ќе го преземат водствотото во земјата, па американските трупи ќе може да се повлечат.

Во говорот пред парламентарците, Обама зборуваше и за заканата од тероризмот и истакна дека недостатоците во безбедносниот систем, кои станале видливи по последниот обид за напад врз американскиот авион кај Детроит се отстранети.

И покрај губењето на довербата кај американските гласачи, претседателот во својот говор увери:

„Нема да се откажеме. Јас нема да се откажам,“ рече Барак Обама.

Автор: АТ/СН/дпа/афп/дв

Редактор: Жана Ацеска