1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама не дава коментари за Грција

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ќе се сретне со претседателот на САД Барак Обама. Папандреу претходно изјави дека нема да бара финансиска помош од САД, туку ќе апелира да се преземат поостри мерки за шпекулантите.

default

Барак Обама засега е воздржан

Јоргос Папандреу вчера (08.03. 2010) во говорот што го одржа во Вашингтон истакна дека понатамошното економско слабеење на ЕУ би им штетело и на САД.

Каков е всушност ставот на владата на САД за кризата во Грција? Барак Обама досега беше воздржан и не даваше коментари за кризата во Грција. По видео-конференцијата со британскиот премиер Браун и канцеларката Меркел пред еднаипол недела, неговиот портпарол изјави: „Сметам дека Европејците ќе реагираат соодветно и ефективно.“

Воздржаноста на Обама е соодветна политика, смета економскиот експерт Себастијан Малаби од Советот за надворешни односи во американското радио НПР: „Сметам дека за САД, а особено за некој како претседателот Обама, кој во поглед на надворешната

Symbolbild IWF und Finanzkrise

Американската влада нема интереси да се меша во програмата на ММФ за реформи и стабилизација на Грција, смета експертот Киркегард

политика се дефинира како анти-Џорџ Буш, не е добра идејата да се маршира во Европа и да се бара соодлучување. Тоа е единствено проблем на Европа.“

Американците се надеваат дека Европа сама ќе го реши проблемот „Грција“

Но, САД нема да вршат влијание ни врз Меѓународниот монетарен фонд, смета Јакоб Киркегард од Петерсон-институтот за економско истражување во Вашингтон. Соединетите држави имаат најголемо учество во ММФ. Она што се презема во Европа сепак е сосема доволно, смета Киркегард: „Она што е пропишано за земјите од ЕУ можеби е уште повеќе од она што би го добиле од ММФ, затоа сметам дека американската влада нема интереси да се меша во програмата на ММФ за реформи и стабилизација на Грција. Тие се надеваат дека Европа сама ќе го реши проблемот, од аспект на САД тоа со сигурност би било најдоброто решение.“

И покрај воздржаниот став, САД внимателно ја набљудуваат кризата, смета Киркегард. Според САД, Грција со својата мала народна економија не е клучниот проблем, туку тоа се други партнери од Унијата: „Американците сметаат дека е ризично тоа што ќе бидат засегнати и други земји. Сега има криза во Грција, а следни се можеби Шпанија или Португалија. Кога тоа ќе се случи, земајќи ја предвид големината на Шпанија, а можеби ќе биде погодена и Италија, во тој случај навистина е засегната националната безбедност на САД во поширока смисла.“

Автор: Албрехт Циглер / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска