1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама на прва турнеја по Азија

Американскиот претседател Барак Обама денеска (13.11.2009) ја почнува деветдневната турнеја по азискиот континент со посетата на Јапонија. Станува збор за прва посета на овој регион по доаѓањето на Обама на власт.

default

Ужива голем углед во Јапонија: Барак Обама

Барак Обама ужива голем углед во Јапонија. Процентот на поддршка за неговата политика кај Јапонците е многу висок, покажуваат анкетите на јавното мислење. Тоа се должи пред се’ на определбите на Обама околу атомското оружје - оценува Никлас Сачни, експерт од реномираниот американски Центар за меѓународни и стратешки студии. „По темата неширење на атомското оружје јапонската јавност беше одушевена од говорот на Обама во Прага, во април годинава. Тој тогаш изјави дека САД треба да ја преземат водечката улога во создавањето свет без атомско оружје.“

Експертот Сачни појаснува дека ваквото одушевување во Јапонија се должи на два факти. Прво, Јапонија е досега единствената земја која беше соочена со напад со атомско оружје.

Tschechische Republik Obama Prager Burg Rede

Повика на создавање свет без атомско оружје: говорот на Обама во Прага

Американските сили на крајот на Втората светска војна фрлија две атомски бомби врз градовите Хирошима и Нагасаки, со што ја принудија Јапонија да капитулира. Јапонците не ги заборавиле стравотиите на атомските бомби и затоа се животно заинтересирани такво нешто никогаш веќе да не се повтори. Втората причина е близината на Северна Кореја, каде комунистичкиот режим веќе изврши две атомски проби. Значи, Јапонците се потенцијално соочени и со конкретна закана од атомско оружје.

Експертот Сачни очекува дека неширењето на атомското оружје ќе игра важна улога и во разговорите на Обама со новиот јапонски премиер Јукио Хатојама. „Сигурен сум дека двајцата лидери ќе разговараат околу можната соработка на овој план.“

Посета и на Хирошима и Нагасаки?

Освен разговорите со премиерот, протоколот предвидува Барак Обама да одржи и говор за американската политика

Gedenken Hiroshima 64. Jahrestag Bombenabwurf

Жителите на Хирошима на годинешната молитва за жртвите од атомската бомба

кон Јапонија и воопшто кон азискиот континент. И во таа пригода се очекува американскиот претседател да го спомне неширењето на атомското оружје и да предложи САД и Јапонија да ја преземат притоа водечката улога во светот. Експертот Сачни, меѓутоа, не очекува Обама посебно да ги спомне Хирошима и Нагасаки.

Спроти патувањето за Азија, Обама најави дека има намера да ги посети двата града, што би бил прв гест од таков вид што го направил кој било американски претседател. Но, како што изгледа, ваквото ветување нема да се исполни. Експертот Сачни смета дека притоа не станува збор за промена на политичкиот курс на Обама по тоа прашање, туку дека навистина нема доволно време. Американскиот претседател, во принцип, ја посетува Азија еднаш годишно. Обама овојпат веќе има испланирано повеќе постојки на деветдневната турнеја, меѓу кои е и учеството на самиот на организацијата за регионална соработка АПЕК во Сингапур, повеќедневната посета на Кина, како и средбите со јужнокорејското раководство во Сеул.

Автор: Албрехт Циглер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска