1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама му се заканува на Иран

Во аферата околу наводниот комплот од страна на Иран против саудискиот амбасадор во Вашингтон, претседателот на САД Барак Обама му се закани на Иран со „најостри санкции“.

default

Американскиот претседател Барак Обама

Реакцијата на Соединетите држави ќе оди во насока на натамошна изолација на Исламската република, најави Обама во Вашингтон. Дури и ако највисоките раковдни органи во Техеран не биле запознати со поединостите, постои одговорност. Високи по ранг американски дипломати претходно објавија дека САД немале цврсти докази, дали иранското раководство знаело за планираниот атентат. Иран ги отфрла обвинувањата дека планирал убиство на саудиски дипломат и им префрли на САД дека подбуцнуваат војна.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле вчера (13.10) во Берлин го повика Иран да придонесе за разјаснување на случајот. Во соопштението на министерот се вели дека учесниците во плановите за напад и организаторите мораат да бидат повикани на одговорност.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска