1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама му вети поддршка на Алжир

Залжничката драма во пустината во Алжир е завршена, но многу прашања околу начинот на постапување на алжирските безбедносни сили против киднаперите се отворени.

Алжирските специјални сили вчера (19.01) ја нападнаа гасната централа во Ин Аменас, која беше во рацете на екстремистите четири дена. Според наводи на владата, од средата се убиени 23 заложници и 32 екстремисти. Ослободени се 685 алжирски работници и 107 странски работници. Сепак, се‘ уште како исчезнати се водат голем број странски работници.

Алжирската армија ја обрани одлуката за напад на централата. „Акцијата беше одговор на одлуката на терористите да ги убијат сите заложници и да направат вистински масакр“, цитира весникот „Ел Кабар“ портпарол на армијата. Според инофмрации од редовите на безбедносните сили, терористите имале намера да го кренат индустрискиот комплекс во воздух. Државниот алжирски нафтен концерн Сонатрах, кој е еден од фирмите кои управуваат со централата, соопшти дека на целата површина на централата бил поставен експлозив.

Поддршка од Западот

Американскиот претседател Барак Обама за крвопролевањето ги обвини исламистичките киднапери. „Вината за оваа трагедија лежи кај терористите кои ја предизвикаа“, се вели во соопштение од Вашингтон. Обама на алжирските власти им понуди секаков вид поддршка. САД и натаму тесно ќе соработуваат со своите партнери во борбата против тероризмот во регионот, се вели во Вашингтон.

Geiseldrama in Algerien

Дел од спасените заложниици

Францускиот претседател Франсоа Оланд застана во одбрана на ослободителната акција на алжирските сили. „Преговори со терористите не доаѓаа предвид“, изјави тој. Британскиот министер за одбрана Филип Хемонд рече: „Различни земји имаат различни начини на постапување“ и додаде дека „заедничката борба протв глобалните закани подразбира некогаш да се соработува и со луѓе кои работите ги регулираат на поинаков начин“. За трагедијата единствена одгвоорност имаат киднаперите, нагласи тој

Сепак, акцијата во Сахара предизвика и големи критики во меѓународни рамки, поради недоволна подготвеност на алжирските власти за преговори и немањето доволно обѕир кон судбината на заложниците. Обама најави дека во наредните денови ќе биде во контакт со алжирското раководство за да се добие јасна слика за настаните и за да се спречат вакви трагедии во иднина.