1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама: Кинеските бизнисмени подалеку од армиските бази во САД

Претседателот на САД Барак Обама им забрани на кинески фирми да градат ветерни паркови во близина на една американска база. Причината за ваквиот потег е националната безбедност, се вели од Белата куќа.

Американскиот претседател Барак Обама забрани продажба на четири ветерни паркови во Американската сојузна држава Орегон на Кина. Постоеле „веродостојни докази“, дека претпријатијата „би можеле да преземат мерки, кои се закануваат да ја нарушат националната безбедност на САД“, се вели во декретот што вчера го издаде претседателот Обама. Според податоци на американските службеници, ветерните паркови требало да се градат во близина на една американска воена база, од делови кои биле продуцирани во Кина. Купувањето на ветерните паркови мора да биде откажано во рок од 90 дена.

Со оваа наредба Обама ја прифати препораката на Комитетот за странски инвестиции во САД. Од декретот на Обама се погодени американското претпријатие „Ralls Corporation“, кинескиот огранок на оваа фирма „Sany Group“ како и кинеските граѓани. Од извори на американското министерство за финансии произлегува дека фирмата „Ralls Corporation“ преку „Sany Group“ била контролирана од кинески приватни лица.

Фирмата „Ralls Corporation“, најави дека ќе преземе правни чекори и изрази уверување дека ќе извојува победа пред судот.

Последен пат претседателот Џорџ Буш Сениор во 1990. година забрани трговска зделка поради зачувување на националната безбедност. Тогаш една кинеско водухопловно претпријатие не смееше да преземе една американска фабрика.