1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и‘ се закани на Сирија

Американскиот претседател Барак Обама се закани со воена интервенција во Сирија, доколку властите употребат хемиско или биолошко оружје. Јордан остро реагира на сириските ракетни напади.

Американскиот претседател за првпат отворено ја спомена можноста за воена интервенција во Сирија на прес-конференција во Вашингтон:

„Во овој момент се‘уште не сум наредил воена интервенција, но тоа ќе се случи ако биде употребено хемиско и биолошко оружје. Тоа би ги загрижило и сојузниците во регионот, вклучувајќи го и Израел, но и нас“, рече Обама.

Barack Obama USA Presse

Барак Обама го предупреди Асад уште пред еден месец

Тој го предупреди сирискиот претседател Башар ал-Асад дека употребата на такво оружје би била „црвена линија“ преку која САД нема да можат да преминат.

Пред околу еден месец изјавите на портпарол на сириското министерство за надворешни работи предизвикаа општа загриженост поради сирискиот арсенал на хемиско оружје. Портпаролот рече дека Сирија не би употребила хемиско оружје против бунтовниците во земјата, туку против „странските агресори“, што во странство беше протолкувано како закана од Дамаск. Еден ден подоцна портпаролот ја корегираше изјавата, истакнувајќи дека „неговата земја никогаш не би користела хемиско и биолошко оружје“. Уште тогаш Барак Обама го предупреди режимот на Асад да не прави „кобна грешка“.

Јордан ги осудува сириските ракетни напади

Во борбата против бунтовниците, сирискиот режим зачестено ги иритира и соседите. Во јорданското гранично место Тура во неделата (19.08) биле истрелани четири сириски гранати. Јорданската влада најостро ги критикуваше ракетните напади, врачувајќи му протест на сирискиот амбасадор во Аман. Во ракетниот напад било рането четиригодишно девојче. Во изминатите месеци вакви инциденти се случуваа и на либанско-сириската граница, а на границата кон Турција имаше и загинати и ранети.

Разгорување на борбите

Во сириската провинција Дараа, која граничи со Јордан, повторно дошло до жестоки судири меѓу армијата на претседателот Асад и противниците на режимот. Активисти тврдат дека имало 11 загинати во сопствените редови. И

Raketeneinschlag aus Syrien in Turra Jordanien

Во јорданското место Тура паднаа сириски гранати

вчера продолжија борбите во сирискиот главен град Дамаск, во Алепо и други градови. Во неделата биле убиени над 130 луѓе низ целата земја, меѓу нив 83 цивили, соопшти опозиционата сириска Опсерваторија за човекови права. Во Алепо бил убиен јапонски новинар, како што потврди и министерството за надворешни работи во Токио.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера доцна попладнето во Париз го прими новиот посредник на ОН во сирискиот конфликт, Лахдар Брахими. Тоа беше прва средба на Брахими со еден од претседателите на петте вето сили во Советот за безбедност на ОН . Пред средбата, 78-годишниот египетски кризен дипломат како клуч за успех на неговата мисија го истакна единството во Советот. Русија и Кина со месеци блокираат во Советот за безбедност донесување поостри мерки против сирискиот претседател Асад. Франција во моментов претседава со Советот за безбедност на ОН.