1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и Ромни речиси изедначени во анкетите

Два дена пред претседателските избори во САД се навестува трка рамо до рамо меѓу носителот на функцијата Барак Обама и предизвикувачот Мит Ромни.

Последните испитувања на јавното мислење спроведени во Соединетите Американски Држави покажуваат дека и двајцата кандидати за претседателската функција на изборите на 6. ноември имаа речиси еднакви шанси за победа. Во анкетата што ја спроведе новинската агенција Ројтерс заедно со Ипсос, актуелниот претседател Барак Обама би можел да добие 47 насто од гласовите додека кандидатот на Републиканската партија, Мит Ромни 46 проценти.

Во четирите сојузни држави кои важат за одлучувачки за исходот на изборите, Охајо, Флорида, Вирџинија и Колорадо, прогнозите покажуваат дека двајцата претседателски кандидати имаат речиси идентична поддршка. Обама кој го предводи таборот на демократите, за својот ангажман и кризен менаџмент по ураганот „Сенди“ доби пофалби и од републиканците на Ромни.

Двајцата кандидати во последниве денови прават напори да ги освојат симпатиите на неопределените граѓани и да ја мобилизираат сопствената база избирачи во сојузните држави со одлучувачко значење за претседателските избори.