1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и Путин ги приближуваат ставовите за Сирија

Во конфликтот околу Сирија, САД и Русија ги приближија ставовите. И двете страни се изјаснија за политички процес за надминување на конфликтот.

На маргините на самитот на Г20 во Мексико американскиот претседател Барак Обама и рускиот, Владимир Путин, остварија речиси двочасовна средба, по која упатја заеднички апел за молк на оружјето во Сирија. Двајцата политичари побараа „итно запирање на сите насилства“ во Сирија. Тие се единствени „дека сирискиот народ треба да одлучува за својата иднина на независен и демократски начин“.

Како вето-сили во Советот за безбедност на ОН, Русија и Кина имаат одлучувачко влијание кога станува збор за тоа да се усогласи заеднички поостар однос на светската заедница против сирискиот режим. Досега двете држави спречуваа такви мерки.

Истовремено, Путин и Обама го повикаа Иран целосно да одговори на своите обврски во врска со конфликтот со неговата спорна атомска програма. Русија и САД се единствени во ставот дека Иран би морал да преземе „сериозни напори“ за да ја „поврати довербата во исклучиво мировниот карактер на неговата атомска програма“, се вели во заедничката изјава.

Во Москва во тек се советувања на оваа тема на т.н. група 5 плус 1 и Техеран.