1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и натаму има доверба во генералот Ален

Во скандалот околу доскорешниот шеф на американската тајна служба ЦИА, Дејвид Петреус, американскиот претседател Барак Обама му изрази поддршка на генералот Џон Ален кој истотака се најде под притисок поради аферата.

Претседателот Барак Обама има доверба во Ален, изјави портпаролот на Белата Куќа, Џеј Карни дополнувајќи дека генералот врши „извонредна работа“ како командант на американските и интернационалните заштитни трупи во Авганистан.

Карни ги повтори повиците на Обама до Сенатот брзо да го потврди наследникот на Ален на главнокомандувачката функција во Авганистан, генералот Џозеф Донфорд.

Претходно Белата Куќа на молба на Пентагон го одложи планираното назначување на Ален за нов Главен командант на НАТО во Европа. Како причина беше наведена проверката на обвинувањата против генералот дека и испраќал „неодмерена“ електронска пошта на Џил Кели,пријателка на семејството на Дејвид Петреус. Конечната одлука на Белата Куќа за ова прашање ќе зависи од резултатот на истрагата против генералот Ален, која ја започна Министерството за одбрана на САД.

Токму од 37-годишната Кели тргна истрагата која доведе до оставка на Петреус. Кели се пожалила дека добива заканувачки пораки од Пола Бродуел, со која Петреус имал вонбрачна врска.

Поврзана содржина