1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и Карзаи го потврдија повлекувањето на трупите од Авганистан во 2014-та

Претседателите на САД и на Авганистан ја расчистија конфузијата околу повлекувањето на меѓународните сили од Хиндукуш.

По телефонскиот разговор на двајцата лидери, од Белата куќа во Вашингтон информираат дека Обама и Карзаи го потврдиле повлекувањето терминот за повлекување на трупите во 2014. Авганистанскиот претседател изјавил дека сака неговата земја да ја преземе целосната одговорност за безбедноста од ИСАФ мисијата на НАТО во 2013-та година, посебно по пројавениот гнев поради согорувањето на копии на Коранот во аемириканска база во земјата и убиството на 16 цивили од страна на американски војник. Претходно и германската влада го одби таквиот предлог на Карзаи.

Двајцата претседатели се договориле и да ги продолжат разговорите за загриженоста на Карзаи за присуството на американските војници во авганистанските села – потег што се толкува како отстапување од стриктното барање на авганистанскиот претседател за повлекување на американските војници од селата.

Карзаи вчера ги обвини САД дека целосно не соработуваат целосно во истрагата за масакрот на 16 авганистански селани и дека го кријат идентитетот на американскиот војник, кој го изврши убиството. Спротивно на тоа, американската армија објави дека војникот се вика Роберт Белес и дека вчера пристигнал во армиската база во Канзас. Против 38 годишниот војник се’ уште не е покренато обвинение.

Автор: Александар Методијев /СН/дв/ројтерс

Редактор: Симе Недевски