1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и Далај Лама ја лутат Кина

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон ќе го прими Далај Лама, духовниот лидер на Тибетанците. Од Кина веќе стигнаа протести против планираната средба.

default

Барак Обама и Далај Лама се сретнаа и минатата година

Портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг нагласи дека станува збор за мешање во внатрешните работи на Кина и побара Белата куќа да ја откаже средбата. Оттаму, пак, нагласуваат дека со состанокот со Далај Лама, претседателот Обама сака да ја искаже својата поддршка за зачувувањето на уникатниот религиозен, културолошки и јазичен идентитет на областа Тибет.

Кина побара откажување и на претходната средба на Обама и Далај Лама, одржана минатата година и остро ја осуди по нејзиното одржување. Владата во Пекинг го обвинува 76-годишниот нобеловец дека се залага за отцепување на Тибет од Кина. Далај Лама, пак, ги негира таквите обвинувања, нагласувајќи дека се бори за поголема автономија на регионот.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска