1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама и‘ вети целосна поддршка на ЦИА

Американскиот претседател Барак Обама во целост ќе ја поддржува тајната служба ЦИА, иако е познато дека таа при испрашувањата употребувала систематски недозволени методи, како симулирано давење. Тоа нема да биде казнето.

default

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама јасно стави на знаење: ќе направи се‘ за да ги заштити идентитетот и безбедноста на соработниците на ЦИА. Тие не треба да дозволат да бидат обесхрабрени, изјави Обама при посетата на главниот штаб на ЦИА. Од грешките во минатото ќе биде извлечена поука, но ниеден соработник на ЦИА нема да биде казнет за своето однесување, нагласи американскиот претседател.

Притоа, факт е: според бројките на американското министерство за правда ЦИА многу почесто употребувала методи како симулирано давење на осомничените отколку што досега беше познато. Една од жртвите, Калид Шеих Мохамед, за кој се смета дека ги планирал терористичките напади од 11 септември 2001 година, во 2003 година вкупно 183 пати бил измачуван преку симулирано давење, метод во меѓувреме забранет од страна на американскиот претседател Барак Обама. Еден друг осомничен терорист, Абу Субаида, во 2002 година 83 пати бил измачуван со потопување на главата под вода, произлегува од извештај на американското министерство за правда, кој го цитира весникот „Њујорк тајмс“. Тој спаѓа во четирите, досега

CIA LOGO SYMBOLBILD

Логото на ЦИА

тајни документи, кои се објавени по налог на претседателот Барак Обама и покрај противењето на ЦИА.

Извршување наредба не ослободува од одговорноста

Специјалниот известувач на ОН за проблемот на измачување, Манфред Новак, во меѓувреме ја критикуваше одлуката на Браак Обама - соработниците на ЦИА да не одговараат кривично за применетите методи на мачење. Ова е спротивно на меѓународното право, потенцира тој. САД со Конвенцијата на ОН против мачење се обврзаа на тоа, методите на мачење да ги декларираат како казниви кривични дела и содветно да ги санкционираат. Тоа што соработници на ЦИА само извршувале наредби, не ги ослободува од одговорноста за нивното однесување. Сега е нужна опсежна независна истрага на обвинувањата против соработниците на ЦИА. Во иднина жртвите треба да добијат и отштета.

Американската влада и покрај целата критика останува цврсто на ставот да не започнува никаква постапка против примената на методите на мачење. Тоа важи и за одговорните од претходната влада, изјави шефот на кабинетот на претседателот Барак Обама, Рам Емануел во неделата, за телевизискиот канал АБЦ. Обама смета дека оние кои применувале спорни, а во меѓувреме забранети методи на испрашување, нема да бидат обвинети.

Автор: ЖА/АТ/дпа/ап/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM