1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама им влева нова надеж на жртвите од ураганот Катрина

Пет години по опустошувањето на Њу Орлеанс од ураганот Катрина, американскиот претседател на градот му вети натамошна поддршка при обновата. Силната бура и големите поплави во 2005 година однесоа 1800 човечки животи.

default

Американскиот претседател Барак Обама

Тоа беше единствен погреб на кој се ракоплескаше кога беше затворен ковчегот. Како и сите други згради во околината, и малата црква Our Lady of Prompt Succor во Њу Орлеанс беше под вода. На петтата годишнина, членовите на заедницата симболично го закопаа

Hurrikan Katrina Entschädigung für Opfer

По ураганот Катрина

ураганот Катрина. Претходно, жртвите од природната катастрофа во металниот ковчег ставија писма и картички. Тоа беше една од многуте манифестации посветени на денот, на кој беа уништени големи делови од заливскиот брег и преку 1800 луѓе го загубија животот. Американскиот претседател Барак Обама за својот говор го избра универзитетот Ксавиер, кој исто така беше многу оштетен од урагнот. Но, со помош на студентите, нивните родители и многу доброволци оваа институција набргу беше повторно отворена. Меѓутоа, и покрај многуте успеси во последните пет години, се’ уште има многу што да се стори, призна претседателот Обама: „Се’ уште има многу празни плацови за градба, многу ученици се’ уште ја следат наставата во бунгалови, многу луѓе се без работа. И има уште многу луѓе, кои не успеале да се вратат.“

Еколошки домови на местото на урнатините

Hurrikan Katrina - Jazzband im French Quarter

Градот на џезот

Околу една петтина од населението на Њу Орлеанс до денес не се вратиле во градот. Ова особено се однесува на лицата со ниски примања. Многумина од нив, пред Катрина живееја во градската населба Lower Ninth Ward, која беше силно погодена од ураганот. Денес, на тоа место се гради модерна еколошка населба - инцијатива на фондацијата на актерот Бред Бит, кој исто така беше во Њу Ореланс на одбележување на петгодишнината од ураганот:

„Сите куќи до една произведоа повеќе енергија отколку што потрошија. Нема причина зошто да се гради поинаку. Оваа населба ни покажува како треба да изгледа иднината.“

New Orleans 100 Tage nach dem Hurrikan

Урнатините во Њу Орлеанс

Сепак, во целиот град се’ уште се видливи раните од Катрина. Градоначалникот Мич Ландриу апелираше на одговорноста на владата: Катрина не беше само природна катастрофа. Насипите се урнаа, затоа се случи катастрофата, смета градоначалникот:

Владата, имено, носеше одговорност за изградбата и одржувањето на насипите, сега владата е одговорна да ги отстрани штетите, смета градоначалникот. Работите се’ уште не се довршени, а американскиот претседател Обама во говорот во Њу Орлеанс вети натамошна поддршка за градот.

Автор: Никол Марквалд / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска