1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама: За САД допрва доаѓа најдоброто!

Барак Обама останува претседател на САД и во наредните четири години. Актуелниот шеф на најмоќната светска држава го победи на изборите својот противкандидат, републиканецот Мит Ромни

Демократот Барак Обама ќе ги предводи САД во уште еден мандат, откако во извонредно неизвесна трка го совлада својот ривал од Републиканската партија, гувернерот Мит Ромни.

Иако резултатите од изборите се‘ уште не се официјализирани, повеќе од јасно е дека Обама освоил убедливо мнозинство од електорските гласови кои ги дава секоја сојузна држава посебно, во зависност од големината и бројот на населението.

Најдоброто за САД допрва доаѓа, порача Обама во победничкиот говор. Тој му упати честитки на својот ривал на квалитетната кампања и најави дека во иднина ќе го консултира Ромни за тоа како да ја придвижат земјата напред.

„Вечерва на овие избори, вие, американските граѓани, не‘ потсетивте дека иако нашиот пат е тежок и долг, ние успеавме да се исправиме, се изборивме и знаеме во нашите срца дека за САД допрва доаѓа најдоброто“, порача Обама.

Старо-новиот американски претседател најави дека се враќа во Белата Куќа уште поодлучен да ги спроведе своите ветувања. Во говорот тој ги потенцираше клучните домашни проблеми, намалување на дефицитот, реформи на даночниот закон и решавање на проблемите со имигрантите. Обама вети и дека ќе ги ослободи САД од зависноста од нафтата.

Ромни го призна поразот

И предизвикувачот Мит Ромни рано утрово го призна поразот во говор пред своите приврзеници во Бостон.

„Тукушто телефонски му се јавив на претседателот Барак Обама да му честитам на победата“, рече Ромни. Тој порача дека во време на големи предизвици за САД, „ќе се моли претседателот да биде успешен во водењето на државата“.

USA Wahl Wahltag 2012 Mitt Romney Eingeständnis Wahlergebnis

Мит Ромни му се јавил на Обама

Според резултатите, Обама освоил 303 електорски гласа (за победа потребни се 270), наспроти 206 колку што на своето конто има Ромни.

Клучни за победата на Обама, како што се очекуваше, се покажаа ткн. „свинг“ држави Охајо, Вирџинија, Њу Хемпшир, Флорида и Ајова.

Според излезните анкети, двајцата кандидати биле речиси израмнети според бројот на гласовите добиени на национално ниво, со минимална предност за Обама.

Честитки преку Твитер

Честитки за победата на Обама веќе стигнаа од сите страни на светот. Првите луѓе на Европската Унија, преку Твитер му го честитаа реизборот на Обама и

USA Wahl Wahltag 2012 Anhänger der Demokraten Obama siegt

Славје на улиците на Чикаго

посакаа да се зацврстат меѓусебните односи и да продолжи добрата соработка. Во заедничка изјава, претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој и на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо најавија дека очекуваат скорешна средба со Обама на која би се „потврдиле приоритетите и желбата за заедничка акција“.

Паралелно со изборите за претседател, вчера во САД се гласаше и на изборите за двата дома на парламентот. Републиканците ја добија контролата врз Конгресот и во наредните две години, што според аналитичарите, значи сигурен сигнал дека нивната конзервативна политика повторно ќе доминира, а тоа со сигурност ќе отвори нови судири со Белата Куќа, на чие чело е демократот Обама. Од друга страна, демократите ја задржаа контролата врз горниот дом - Сенатот.