1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама: за промените треба време

По сто дена од преземањето на функцијата, претседателот Барак Обама направи сопствен биланс за постигнатото. Ги спомена свинскиот грип, проблемите на автомобилските производители и ирачката војна.

default

Помина рокот во кој е гарантирана поштедата од критики

Обама ја започна прес-конференцијата невообичаено. Поради свинскиот грип, кој се прошири во САД, ги повика своите сограѓани да ги применуваат мерките на претпазивост:

„Мијте ги рацете, ставајте рака на уста кога кашлате, не одете на работа доколу сте болни, не ги праќајте децата на училиште ако се болни, нека останат дома.“

Потоа ги смири Американците: нема место за паника. Сепак владата ќе стави на располагање дополнителни 1,5 милијарди долари, за земјата да биде подготвена доколку свинскиот грип и натаму се шири. Претседателот не сака да ја затвори границата со соседот Мексико, каде што изби болеста.

Економската криза во фокусот

Барак Обама извлече биланс на првите 100 дена од неговото работење, ги наброја успесите, пред се’ конјунктурниот пакет тежок 800 милијарди долари.

„Почнавме со тоа што го усвоиме планот за санација. На тој начин се отвори можност да се спасат или да се отворат нови работни, вкупно 150 илјади. За 95 проценти од населението се намалија даноците. Единаесет милиони деца, чии родители имаал полн работен однос, сега имаа здравствено осигурување.“

Obama bei PK

Барак Обама пред новинарите

Претседателот беше убедлив кога зборуваше за судбината на американските автомобилски концерни, сака силна автомобилска индустрија, рече Обама. Под најголем пристисок во моментов е Крајслер, кој денеска објави банкрот. За Џенерал моторс претседателот не изнесе подробни делати. Овој производител на автомобили има уште 30 денови да поднесе концепт за опстанок на фирмата.

Надворешнополитички приоритети

Обама на прес конференцијата детално се осврна и на надворешната политика и меѓународниот ангажман на САД:

„Почнавме да и‘ ставаме крај на војната во Ирак и со нашите сојузници во НАТО направивме стратегија за борба против терористичката мрежа на Ал Каеда во Пакистан и Авганистан. Ја отфрливме лажната дилема: избор меѓу нашата безбедност и идеалите, така што ќе го затвориме логорот Гвантанамо и без исклучок ќе забраниме измачување.“


Автор: Албрехт Циглер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска