1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама „за“ построги закони за поседување оружје

Претседателот Барак Обама активно ќе се залага за воведување на построги закони за поседување на оружје во САД.

По масакрот во Њутаун американскиот претседател Барак Обама ќе се заложи за построги правила за поседување оружје.

Од Белата куќа се вели дека претседателот Обама ќе го поддржи предлог законот на сенаторката од редовите на демократите Дајан Фајнстајн, кој предвидува забрана на полуавтоматски оружја. Освен ова претседателот ќе се заложи и за законот кој генерално забранува продажба на оружје преку приватни трговци без проверка на лицето кое купува. Со ова би требало да се затвори дупка во законот, која досега овозможуваше продажба на саемите за оружје.

Лидерот на демократите во американскиот Сенат, кој досега ги поддржуваше регулациите за поседување на оружје, најави дека уште оваа недела ќе започне дебата за промена на „законите и културата“. Републиканскиот сенатор Марко Рубио пак преку својот портпарол соопшти дека иако останува заговорник на правото за носење на оружје, сепак законите мора „сериозно да бидат проверени“, за во иднина да се спречат „масовни престрелки“.

Претседателот на САД Барак Обама вети дека ќе се ангажира околу сузбивањето на вооруженото насилство по масакрот во училиштето во сојузната држава Конетикт, во кој животот го загубија 27 лица, од кои 20 деца.

АТ/ дпа/ дапд/ афп/ бета