1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама е вистинскиот претседател

Германските политичари го поздравија повторниот избор на Барак Обама за претседател на САД. Тие се надеваат на зајакнување на трансатлантските врски.

Уште пред Мит Ромни да го признае изборниот пораз, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле беше прв член на германската влада кој даде изјава за исходот од претседателските избори во САД. Тој во Њујорк, каде води разговори во ОН, направи биланс на првиот четиригодишен мандат на Обама: „Ние одлично соработувавме на надворешнополитички план, а имаме и многу заеднички планови“.

Guido Westerwelle Statement Pressekonferenz PK Syrien Türkei Berlin Deutschland

Гидо Вестервеле

Во текот на изминатите две години е забележан напредок во политиката на разоружување, но мора да се направи нов енергичен чекор, изјави шефот на германската дипломатија. Гидо Вестервеле апелираше до американската влада и до Русија да ги приближуваат ставовите и да ја зајакнат безбедноста во светот со нови импулси за разоружување.

Истовремено, Вестервеле апелираше и за „повеќе слободна трговија“ меѓу Европа и САД. „За нас е тоа централно европско прашање“, нагласи министерот, додавајќи: „Протекционизмот мора да биде потиснат“. Вестервеле подвлече дека разговорите околу зона на слободна трговија треба да почнат најбрзо што е можно. „Со оглед на несигурноста во светската економија, немаме време за губење“, рече Вестервеле.

Merkel zum Gutachten des Sachverständigenrates zur wirtschaftlichen Entwicklung

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел во честитката до резибраниот претседател на САД, Обама, ги истакна исто така добрите односи меѓу двете земји.

„Изминатите години тесно и пријателски соработувавме“, порача Меркел. Таа исклучително ги цени бројните средби со Обама и се радува што ќе ги продолжи разговорите со него. Меркел официјално го кани Обама во посета на Германија.

„Се радувам поради тоа што Обама останува на функцијата. Тој е вистиснкиот претседател за САД кој располага со потенцијал да ги обедини различните интереси, класи и ентитети“, истакна поранешниот германски министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Според него, претседател како Мит Ромни би предизвикал дополнителен јаз во веќе и онака поделената земја.

Очекувањата од Обама сега веќе не се толку нереални како пред четири години, а тој нешто успеа и да оствари, на пример, здравствената реформа е еден вид мала револуција во САД, смета Штајнмаер.

Steinmeier Bundestag nach ESM Entscheidung

Франк-Валтер Штајнмаер

Европа треба да се активира во зајакнувањето на трансатланстките односи, а САД во Источна Европа веќе не претставуваат никаква закана, истакнува тој.

И шефот на Партијата на зелените Чем Ездемир се радува на повторниот избор на Обама:

„Неговиот успех е добра вест за нас во Европа. Во САД имаме партнер кој го зборува истиот јазик како и ние“.

Американскиот народ донесе правилна одлука. Обама меѓутоа мора да ги исполни сите ветувања дадени пред четири години. Се надевам дека тој ќе тргне по патот на мир во однос на Иран и Сирија, а кон тоа би требало да се додаде и политиката на разоружување“, оценува шефот на пратеничката група на Партијата на левите во Бундестагот Грегор Гизи.