1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама даде поддршка за истополовите бракови

Американскиот претседател Барак Обама првпат јавно се заложи за бракови на хомосексуалците. Важно е да се оди напред и да се каже дека истополните парови можат да стапат во брак, изјави Обама во интервју за Еј-Би-Си.

Обама во телевизиското интервју нагласи дека во изминатите години водел многу разговори на оваа тема. Тој призна дека дека неговото мислење е во конфликт со ставот на некои христијани, но како „христијани кои ја практикуваат верата“, тој и сопругата Мишел се на мислење дека другите луѓе треба да бидат третирани онака како што човек сака да биде третиран.

Во САД истополовите партнери можат да стапат во брак само во шест од педесетте сојузни држави. Групите кои се борат за правата на хомосексуалците веќе долго време бараат од американскиот претседател да се изјасни околу ова прашање. Во земјата се води жестока дебата на оваа тема. Потпретседателот Џо Бајден минатата недела предизвика бран реакции со својата изјава дека тој нема проблеми со хомо-браковите. При склучувањето брак е важно која личност се сака.

Шефот на организацијата за антидискриминација „Хјуман Рајтс Кампејн“, Чад Грифин, ги пофали изјавите на Обама. Претседателот им отвори надеж на „милиони млади хомосексуални Американци“, оцени Грифин. Американските медиуми оценуваат дека интервјуто на Обама ќе ја стави темата хомосексуални бракови во фокусот на предизборната кампања.

Многу постари граѓани, жители на конзервативните јужни сојузни држави и конзервативни христијани, стриктно го отфрлаат хомо-бракот. Околу две третини од младите и половина од сите американски граѓани, пак, се за законско ризнавање на хомо-браковите, соопшти институтот за истражување на јавнот мислење Галуп.