1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама го потпиша буџетскиот компромис

Сега е дефинитивно - американскиот претседател Барак Обама, како што се очекуваше, го потпиша законот со кој се надмина спорот околу буџетот на САД. Супер богатите мора да плаќаат поголем данок.

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот со кој се избегна таканаречената „фискална бездна“, а за кој во последен момент согласност постигнаа Претставничкиот дом и Сенатот. Компромисот предвидува зголемување на даноците за домаќинствата со годишен приход над 450.000 долари (400.000 долари за самци). Освен тоа, додатоците за два милиони невработени лица кои се без работа долго време треба да течат уште една година.

Паушалните кратења на издатоците од буџетот се одложени само за два месеца. Во тој дел демократите и републиканците треба уште да се договараат. Освен тоа, би требало да се зголеми и горната граница на задолжување, за да се обезбеди платежната способност.

Согласноста требаше да биде постигната до 31 декември. На 1 јануари автоматски стапија во сила зголемувањата на даноците за сите и кратењето на издатоците. Сега со новиот закон сето тоа ќе се стопира. Обама законот го потпиша на Хаваи, каде го продолжува семејниот одмор, што мораше да го прекине поради преговорите околу буџетот.