1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама го критикува Ромни поради изјавите за сиромашните

Американскиот претседател Барак Обама го критикува својот противкандидат на претседателските избори Мит Ромни поради неговите изјави за сиромашните Американци. Ромни призна дека изјавите биле елегантно формулирани.

Американскиот претседател Барак Обама реагираше по објавувањето на тајно направената снимка на републиканскиот противкандидат Мит Ромни. На снимката, Ромни вели дека гласачите на Обама се сметаат себеси за жртви и очекуваат од него да им даде социјална помош. „Една работа што ја научив како претседател е дека треба да ја претставувам целата земја. Кога се среќавам со републиканци при моите посети низ земјата гледам дека тие се вредни, семејни луѓе, и мислам дека како претседател треба да бидам претседател на сите граѓани“, рече Обама, како одговор на изјавата на Ромни.

Кандидатот за претседател од редовите на Републиканците, Мит Ромни, на средба со добростоечки сенатори ги нарече приврзаниците на актуелниот претседател Барак Обама жртви. Речиси половина од Американците веруваат дека тие биле жртви и имале право на финансиска поддршка, рече тој. Како кандидат за Белата куќа не било негова задача „да се грижи“ за овие луѓе. Овие коментари на Ромни се документирани на видео снимка кои ги откри американски магазин. На свиканата прес-конференција во понеделникот вечерта (17.09) Ромни призна дека неговите коментари не биле елегантно формулирани и побара целата видео снимка да биде објавена на интернет, а не само делови од неа.