1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама го загуби мнозинството во Сенатот

Демократите ги загубија изборите за наследник на починатиот сенатор Тед Кенеди. Тоа значи дека, претседателот Обама го загуби стратешкото мнозинство во Сенатот. Сега загрозена е планираната здравствена реформа на Обама.

default

Избран за нов сенатор: Републиканецот Скот Браун

„Вечерва проговори незваисниот глас на Масачусетс“, изјави во победничкиот говор републиканецот Скот Браун, кој ја однесе победата во сојузната американска држава која досега важеше за упориште на демократите. Поразената кандидатка на Демократската партија Марта Коукли, која имаше пет проценти гласови помалку од Браун, изјави дека е неутешна, но дека ќе продолжи со работа.

Сигнал на предупредување

Браун ќе биде 41-от републиканец во американскиот Сенат, кој вкупно брои 100 места. Тоа значи дека демократите веќе го немаат стратешкото мнозинство од 60 гласови. Тоа на американскиот претседател Обама му ја отежнува реализацијата на важни задачи, како што е здравствената реформа. Републиканците сега имаат можност да ја блокираат секоја законска иницијатива на Обама. Белата клуќа соопшти дека претседателот е изненаден и фрустриран поради победата на Браун во

Edward Kennedy s/w

Тед Кенеди

Масачусетс. Победата на републиканците е сигнал на предупредување пред изборите за Сенатот и на гувернерите, што треба да се одржат во ноември.

Мандатот на Браун трае прво до 2012 година, до кога ќе траеше мандатот на починатиот сенатор Едвард Кенеди. Кенеди почина од тумор на мозокот на 25 август 2009 година. Тој местото во Сенатот го држеше од 1962 година, откако претходникот на тоа место, неговиот брат Џон Кенеди беше избран за американски претседател.

Автор:ЕМФ/БГ/дв/афп/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска