1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама во офанзива на шармирање

На почетокот на дводневната посета на Велика Британија, американскиот претседател Барак Обама ги истакна заедничките работи кои ги поврзуваат двете земји. Политичките разговори на Обама се предвидени за утре.

default

Сака да биде пријател со Европејците-Барак Обама и сопругата Мишел

Во заеднички напис британскиот премиер Дејвид Камерон и американскиот претседател Барак Обама зборуваат за „економските, социјалните и стратешките предизвици“, со кои се соочени двете држави. Во врска со војната во Либија против властодржецот Моамер ел Гадафи, двајцата политичари се осврнаа на она што е постигнато.

„Ги ослабевме неговите воени капацитети и спречивме хуманитарна катастрофа. Ќе продолжиме и натаму да ја спроведуваме резолуцијата на ОН заедно со нашите сојузници, се‘ додека не биде целосно исполнета“, се вели во заедничкииот напис на Обама и Камерон.

Политичките разговори на Обама се предвидени за утре, додека денеска на програмата се средби со членови на кралското семејство.

NO FLASH NATO-Gipfel in Lissabon

Барак Обама и Дејвид Камерон на неодамнешна средба во Лисабон

Говор со пораки до Европејците

Посетата на Лондон инаку е првиот од поважните настани за време на европската турнеја на Обама. Тој ќе одржи говор пред двата дома на британскиот парламент. Неговиот портпарол Џеј Карни во врска со тоа пред турнејата изјави:

„Обраќањето ќе го отслика она што претседателот сака да го постигне со посетата, односно потенцирањето на посебните односи со сојузниците во Европа, а во Британија, посебните врски со британскиот народ.“

Говорот на Обама би требало да ги отстрани пречките во соработката меѓу САД и Велика Британија, вели и заменикот-советник за безбедносни прашања на Обама, Бен Родес.

Малку „разнишани“ односи?

Специјалните односи меѓу Лондон и Вашингтон во последно време страдаа поради едностраните настапи на Британците, според проценки на Белата куќа. Вашингтон имено го цени придонесот на Велика Британија со речиси 10.000 војници во Авганистан, и тоа во немирната провинција Хелманд. Но, најавата за повлекување на војниците во САД е примена со загриженост, зашто претходно не биле доволно информирани. На одобрување таму не наиде ниту ослободувањето на наводно смртно болниот бомбаш од случајот Локерби.

Barack Obama Rede Grundsatzrede Mittlerer Osten Nordafrika

Од друга страна, Европејците вложуваа големи надежи во Обама и се разочарани на пример од тоа што се‘ уште не е затворен логорот Гвантанамо. На Вашингтон му се префрлува и за непостоење јасна линија во блискоисточната и северноафриканската политика.

Обама и неговата влада го знаат сето ова, ја ценат речиси безусловната поддршка која Лондон им ја дава на САД, на пример во војната во Ирак, како и во мисијата на НАТО во Либија. Во врска со неа постојат уште многу отворени прашања, смета Стивен Фланеган, експерт од Центарот за стратешки студии во Вашингтон, наведувајќи еден пример:

„Што треба да се преземе во времето по Гадафи, ако притисокот од НАТО биде успешен, тоа треба да биде важна тема.“

Фланеган претпоставува дека Обама и од другите европски држави ќе побара подлабоко да посегнат во џебот, на пример за поттик на економијата во Тунис и Египет, но и порамномерна распределба на товарот во рамките на НАТО.

Обама планира шармерска офанзива во Европа и повторно спријателување. Колку тоа ќе ги чини Европејците, останува да се види.

Автор: Паулерт Ридигер/ Жана Ацеска

Редактор: Горан Чутаноски