1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама во историска посета на Мјанмар

Американскиот претседател Барак Обама е во посета на Мјанмар, поранешна Бурма. На почетоток на неговата куса, шестчасовна посета, Обама изјави дека доаѓа да му подаде пријателска рака на Мјанмар.

Барак Обама стана првиот американски претседател, кој го посети Мјанмар (поранешна Бурма). Тој на улиците на Јангон, поранешниот главен град на азиската држава беше пречекан од голем број граѓани, кои виореа американски знамиња, а некои носеа плакати на кои беше испишано „Го сакаме Обама“.

На почетоток на неговата куса, шестчасовна посета, Обама изјави дека доаѓа да му подаде пријателска рака на Мјанмар.

По средбата со претседателот Теин Сеин, човек, кој во голема мера раководи со транзицијата на земјата од воено управување во демократија, американскиот претседател истакна дека реформите во Мјанар можат да го развијат неверојатниот потенцијал на оваа прекрасна земја.

Во Јангон Обама се сретна и со лидерката на опозицијата, добитничката на Нобеловата награда за мир Аун Сан Су Ќи, а ќе говори и на Јангонскиот универзитет.

Обама ги награди демократските реформи во Мјанмар, со тоа што укина дел од американските економски санкции кон оваа земја.

Прва станица од повеќедневната турнеја низ Азија на Обама беше Тајланд, а од Мјанмар ќе отпатува во Камбоџа.

Во оваа држава моментно заседаваат шефовите на држави или влади на Југоисточноазиската државна заедница АСЕАН.

По долги натегања, тие усвоија декларација за човековите права. Текстот на документот е спорен, затоа што дозволува ограничувања на човековите права доколку се чувствуваат за загрозени националната безбедност или регионалните претстави за морал.