1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама веќе во улога на државник

Идниот претседател на САД Барак Обама веќе има полни раце работа. Меѓу првите активности беа и телефонски разговори со деветмина државници од светот. Сите во светот имаат големи, но секој различни очекувања од Обама.

default

Новоизбраниот претседател се подготвува за влезот во Белата куќа

Германскиот канцелар Ангела Меркел е еден од деветтемина државници со кои синоќа по телефон разговараше идниот американски претседател Барак Обама. Сузбивањето на финансиската криза била тема во петнаесетминутниот разговор што го воделе на англиски без преведувач, но станало збор и за блиска соработка во справувањето и со другите предизвици со кои е конфронтирана меѓународната заедница: иранската нуклеарна програма, стабилизирањето на Авганистан, промената на климата.

Bildgalerie Obama in Berlin Händedruck mit der Kanzlerin

Обама и Меркел на нивната средба во Берлин

Обама по телефон разговарал исто така и со претседателите на Франција, Мексико и Јужна Кореја, како и со премиерите на Велика Британија, Австралија, Канада, Израел и Јапонија. Тој ќе се појави и на претстојниот светски финансиски самит на 15-ти ноември во Вашингтон.

Прво кадровско решение на Обама - Рам Емануел шеф на штабот

Во подготовките за примопредавање на власта, Обама во меѓувреме го прими и првиот дневен извештај на тајните служби, наменет само за претседателот на државата. Денеска во Чикаго ќе се состане со својот тим на финансиски експерти, со кои ќе ја разгледува светската финансиска и стопанска криза, а потоа ќе ја одржи и првата прес-конференција како иден претседател. Веќе в понеделник идните жители на Белата куќа, брачната двојка Обама, ќе бидат примени од оние што ќе ја напуштат, Џорџ и Лора Буш.

Барак Обама го донесе и првото кадровско решение - 48-годишниот Рам Емануел ќе биде шеф на штабот во Белата куќа.

Rahm Emanuel Stabchef von Barack Obama

Рам Емануел, новиот шеф на персоналот во Белата куќа

„Моите родители уште се живи и сега гледаат како нивниот среден син има избор да биде пратеник во Конгресот со шанси за натамошен подем или да биде шеф на штабот на еден историски важно претседателствување во еден историски важен момент“ - изјави Емануел, кој своевремено беше советник и на тогашниот претседател Бил Клинтон. Наредни кадровски решенија не треба да се очекуваат во идните неколку дена, оти Обама сакал внимателно да обмисли.

Различни очекувања од Обама

Светот со големи очекувања го прими изборот на Обама за американски претседател - изборот го поздрави дури и Северна Кореја, иако прилично воздржано. Во ОН очекуваат промена на американскиот став во политиката во однос на климата, а авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара од Обама во иднина при воздушни напади да биде заштитено цивилното население.