1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама вети одбрана на Јужна Кореја

Американскиот претседател Барак Обама остро го осуди нападот на Пјонгјанг врз јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг и најави дека неговата земја ќе ја брани Јужна Кореја. Нападот беше осуден и од Русија, Јапонија и ЕУ.

default

Американскиот претседател Барак Обама

Кусо по нападите, Вашингтон го испрати нуклеарниот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ во близина на корејскиот полуостров. Двете земји за следната среда веќе закажаа воени вежби во заливот, за кои тврдат дека ќе бидат од одбранбен карактер. Кинеските власти, кои претходно жестоко се противеа на одржувањето слични заеднички вежби на Сеул и Вашингтон во регионот, овојпат не се спротивставија на планот.

Korea / Südkorea / Nordkorea / Angriff

Обама ја повика Кина, која е главен сојузник и најзначаен партнер на комунистичкиот режим, да им укаже на властите во Пјонгјанг дека постојат меѓународни правила кои мора да се почитуваат. Слична порака упати и специјалниот пратеник на американскиот претседател во регионот, Стивен Бозворт кој вчера разговарал со кинеското раководство.

„Остро го осудуваме нападот на Северна Кореја и цврсто стоиме зад нашите сојузници. Разговаравме на оваа тема со кинескиот министер за надворешни работи и се согласивме дека ваквиот конфликт е многу опасен“, изјави Бозворт.

Се бара дипломатски решение

Иако најавената итна седница на Советот за безбедност на ОН беше одложена, извесно е дека состојбата се смирува и оти се бара дипломатско решение за проблемот. Најголем кочничар, сепак, и понатаму останува Кина. Пекинг и натаму е најголем поддржувач на режимот во Пјонгјанг стравувајќи оти колапсот на Северот би донел нестабилност на кинеските граници, а обединета Кореја би била под доминација на САД.

Karte Krise Nordkorea Südkorea Yeonpyeong Inseln Flash-Galerie englisch

Аналитичарите се сомневаат дека последниот напад е обид на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил да си ги зајакне позициите во пресрет на најавуваните шест-партитни преговори за нуклеарно разоружување, во кои честопати досега се обидуваше да извлече концесии и помош од богатите земји. Според експертите, причина за нападите би можела да биде и домашната политичка состојба во Северна Кореја, каде Ким по секоја цена сака да го издигне својот син како негов наследник, но наводно, се соочува со многу мала поддршка од армијата.

Автор: БГ/ АТ/ ројтерс/ дпа/ дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM