1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама бара да се пронајдат помагачите на Осама

Една недела по убиството на шефот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, американскиот претседател Барак Обама го зголеми притисокот врз Пакистан. САД претпоставуваат дека Бин Ладен имал развиена мрежа на поддржувачи во Пакистан

default

Барак Обама

Една недела по тајната акција против Осама Бин Ладен, американскиот претседател Барак Обама за првпат отворено зборуваше за акцијата која ја нареди. Во телевизиската емисија „Сиксти минитс“ на СиБиЕс, Обама призна дека тоа биле најдолгите 40 минути во неговиот живот. Кога од Пакистан пристигна веста дека операцијата поминала добро и Бин Ладен е убиен почувствувал олеснување:

За време на неговата должност тоа бил моментот на задоволство, не само за него лично, туку за целата САД, истакна Обама. Претседателот во разговорот јасно изјави дека нема разбирање за луѓето кои го критикуваат убиството на Осама Бин Ладен.

„Колку и да бев нервозен за време на целиот процес, една работа не ми го попречуваше сонот, тоа беше можноста за елиминација на Бин Ладен. На овој начин беше постигната праведност. Секој кој се сомнева дека овој масовен убиец заслужил да биде убиен, мора самиот да се преиспита.“

Критика за европските критичари

Јасни зборови кои Обама очигледно ги упати на сметка на критичарите во Европа, кои му префрлаат дека Бин Ладен требало да биде уапсен и не смеело да биде убиен. Дискусија која во САД речиси никој не може да ја сфати. Претседателот Обама очигледно исто така, напротив тој упати пофалба до војниците кои ја спроведоа операцијата:

„Овие момци, нашите момци ноќта навлегоа на имотот, во целосен мрак. Неверојатно брзо разурнаа ѕидови и врати, го убија Бин Ладен и беа паметни со себе да понесат материјал, кој за нас е вистинско богатство и ќе ни биде од корист.“

Pakistan Protest

Протести на пакистанските исламисти против убиството на Бин Ладен

Обама уште еднаш нагласи дека пред да биде спроведена операцијата не се знаело точно каков ќе биде исходот. Тој лично сметал дека шансите за успех се 55 проценти, имено никој не знаел дали Бин Ладен навистина се наоѓа во куќата. Сега, по операцијата мора да биде обелоденето, кој во изминатите години знаел за скривалиштето на терористот.

„Уверени сме дека во Пакистан имало мрежа на поддржувачи, меѓутоа не знаеме кој се’ бил дел од оваа мрежа“, изјави Обама. Пакистанската влада за ова сега треба да поведе истрага“.

Пакистан сега треба да испита дали негови државјани му помагале на шефот на Ал Каеда. Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани во врска со ова прашањр денеска ќе се изјасни во парламентот.

Автор: Клаус Кастан/Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM