1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама: Америка има повод за оптимизам

Во првото обраќање пред Конгресот, Барак Обама истакна дека сака американската економија да ја направи „посилна од кога било“, како и да изгради „нови темели за долгорочен просперитет“.

default

Барак Обама пред Конгресот

Време е да делуваме храбро и мудро, не само за да го оживееме стопанството, туку и да изградиме нови темели за траен просперитет, рече Обама во говорот одржан во стилот на говорите во кои претседателот и` се обраќа на нацијата во ударниот телевизиски термин.

„Можеби нашето стопанство е ослабено, а нашата доверба разнишана, затоа што живееме во тешки и несигурни времиња, но сакам на секој Американец да му биде јасно следново: повторно ќе градиме, ќе се опоравиме, а САД на крајот ќе бидат посилни од било кога“, потенцира Обама во неговиот 45-минутен говор, честопати прекинуван од громогласни аплаузи од сенаторите и конгресмените од двете партии.

Мора да се соочиме со проблемите

Barack Obama vor dem US-Kongress

Капитол Хил на нозе - претставници на обете партии го поздравија Обама

„Одговорот на нашите проблеми не е вон нашиот досег“, рече понатаму Обама. „Тој лежи во нашите лаборатории и универзитети; во нашите полиња и фабрики, во фантазијата на нашите претприемачи и гордоста на највредните луѓе на светот. Овие квалитети, што ја направија Америка најголемата сила на прогрес и просперитет во историјата на човештвото, се` уште ги имаме во голема мера. Она што сега и` треба на оваа земја е да се соземе, да се соочи лице в лице со проблемите и уште еднаш да ја преземе одговорноста за иднината“, истакна Обама.

Тој исто така нагласи дека сите владини мерки се насочени кон помош на граѓаните, а не на банките. Американскиот претседател, во говорот, се фокусира на три приоритети од предлог-буџетот за 2010 година, кој во Конгресот треба да се разгледува в четврток - енергијата, здравствената заштита и образованието.

Буџетот ја отсликува реалноста

Обама изјави дека неговиот буџет е еден вид нацрт за иднината на Америка, но не и нешто што ќе ги реши сите проблеми или ќе одговори на сите прашања: „Буџетот што го изготвивме ја отсликува голата реалност што ја наследивме, дефицит од милијарди долари, финансиска криза и голема рецесија. Со оглед на реалноста, сите во американскиот конгрес, демократи или републиканци, ќе мора да жртвуваат некои вредни приоритети, за кои сега нема пари. Истото ќе морам да го сторам и јас“, рече Обама.

Американскиот претседател се обрати пред Конгресот непосредно пред поднесувањето на предлог-буџетот, во моменти кога испитувањата на јавното мислење покажуваат дека има двотретинска поддршка од Американците за конјуктурниот пакет тежок 787 милијарди долари, но и за другите радикални чекори што ги презема, со цел да ја сопре економската криза.

За опозицијата планот е „неодговорен“

Вообичаениот одговор од страна на опозицијата овојпат го даде гувернерот од Лиузијана, републиканецот Боби Џиндал, прв гувернер во САД од индијанско потекло. Тој изнесе низа идеолошки приговори на сметка на плановите на Обама за извлекување на земјата од кризата. Републиканците го оценија конјуктурниот пакет на Обама како „неодговорен“, кој нема никако „да ја подобри економијата“.

Поврзана содржина