1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нулта толеранција за насилниците

Македонската полиција соопшти дека остро ќе му се спротивстави на секој обид за предизвикување нови судири на скопското Кале, по најавите на групи Албанци и Македонци дека денеска повторно ќе се упатат кон тврдината.

default

Од МВР велат дека нема да дозволат повторување на минатонеделните немили сцени

Полицијата најавува енергични мерки и примена на сите средства за да се спречи евентуалното повторување на крвавиот инцидент на скопската тврдина од мината недела. Засега нема официјална најава за протести или ново собирање на скопско Кале, иако низ социјалните мрежи се упатуваат јавни повици за саботно собирање во одбрана или напад на започнатата црква-музеј на тврдината која ги предизвика и меѓуетничките конфронтации на две поголеми групи млади.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска “апелираше до сите кои планираат да се приклучат на најавените собирања преку социјалните интернет мрежи каде би можело да ескалира насилство да се откажат, бидејќи полицијата безмилосно ќе реагира и најостро ќе ги санкционира. Дебатите на одделни групи на Фејсбук и другите социјални мрежи се доволен индикатор за полицијата заедно со оперативните сознанија, кои ги има од теренот, да се подготвува за настан на кој би можеле да присуствуваат голем број луѓе“, изјави Јанкуловска.

Собранието повикува на смирување на страстите

Комитетот за односи меѓу заедниците вчера на вонредна седница, но без присуство на опозицијата, повика на смирување на страстите, на решителен дијалог меѓу коалициските партнери и вклучување на опозицијата во зачувувањето на меѓуетничката и религиозната толеранција и разбирање, изјави Џевад Адеми од владеечката ДУИ.

Дебатата во Парламентот покажа висок степен на вознемиреност кај владејачките пратеници дали евентуалниот собир во сабота на младите навивачи – Македонци и нивниот марш од Кале кон спортската арена за ракометен натпревар, нема да предизвика и контрареакција на Албанците.

Mazedonien Skopje Widerstand Kirchenbau

Во рамки на обидите за превенција, вчера тројца министри Јанкуловска, Адеми и Тодоров, беа во едно мешано етничко средно училиште на час со тема - како против насилството и конфликтите. На него министрите слушаа психолог од скопскиот универзитет.

Засега не се знае дали навистина ќе се остварат заканите скопско Кале да биде нов мегдан меѓу младите насилници и групи кои имаат сеуште неидентификувана подршка.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM