Нула толеранција за неонацистите | Вести | DW | 12.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нула толеранција за неонацистите

*

По нападот на неонацисти врз театарска група во градот Халберштат министерката за правда на покраината Саксонија Анхалт Ангела Колб се изјасни за поостар пристап кон неонациситите. При вакви деликти не би смеело да има толеранција, рече Колб. Во саботата осум наводни неонацисити нападнаа театарска група и притоа повредија пет лица. Досега е уапсено само едно лице осомничено за случајот. Постапките на полицијата наидоа на критика во цела Германија.