1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нуланд во Скопје

Американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд е во Скопје на консултации со државниот врв. Се бара одговор по грчкотот вето.

default

Амбасадорката Викторија Нуланд

Амбасадорката на САД во НАТО Викторија Нуланд разговара со претседателот на Македонија Бранко Црвенковси. На средбата се очекува да се приклучи и премиерот Никола Груевски.

По самитот во Букурешт САД преземаат мерки што поскоро да се реши проблемот со Грција и македонските лидери да не се преокупирани со разочараност или изневереност и излез да бараат во вонредени парламентарни избори, што според меѓународната заеднициа би претставувало дополнително оптоварување на внатрешните политички релации.

Американската амбасадорка во Скопје е по третпат. Пред шест месеци сугерираше Скопје и Атина да разговараат околу името, зошто добрососедството е темелен принцип на основачката декларација на НАТО, порача во ноември мината година Викторија Нуланд.

Во дел од експертската јавност и професорите со кои вчера разговараше премиерот Никола Груевски, се појавија идеи Грција да биде тужена пред Хашкиот суд зошто е прекршена времената спогодба со ветото за членство на Макеоднија во НАТО.