1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нуланд бара реформи од Македонија

*

Амбасадорката на САД во НАТО Викторија Нуланд денеска во Скопје ја повтори пораката дека Македонија мора да ги спроведе потребните реформи за да добие покана за членство на самитот на НАТО во Букурешт, за што ја има поддршката од Вашингтон. По разговорите со премиерот Никола Груевски Нуланд побара Скопје и Атина да се вратат на преговарачка маса и да разговараат за проблемот со името под покровителство на Метју Нимиц. Амбасадорката на САД во НАТО инаку изрази позитивни оценки за напредокот во Македонија. Нуланд е придружувана и од високи претставници на Стејт департментот.