1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нуклеарните арсенали на САД и Русија

Барак Обама и рускиот претседател Дмитриј Медведев беа согласни дека треба колку што е можно побргу да се обнови досега најсеопфатниот договор за атомско разоружување СТАРТ, чија важност истекува на крајот од годинава.

default

Титан два, ракетен носач

Конкретната цел на новиот договор веројатно ќе биде прецизирана за време на посетата на Обама на Москва, што тој ја најави за јули.

Договорот СТАРТ им дозволува на двете земји да имаат до 6000 веднаш расположливи атомски боеви глави и уште по 1600 носечки системи за нив. „Неактивните“, боевите глави во резерва, не се опфатени во таа бројка. Московскиот договор од 2002 предвидува уште поголемо намалување на бројката на расположливи боеви глави на 1700 до 2200, но тој се базира врз процедура што обете страни ја сметаат за непрактична. Затоа е неопходно продолжување или нова верзија на договорот СТАРТ.

Американскиот арсенал со атомско оружје сега содржи 5200 стратегиски атомски боеви глави. Од нив, 1000 можат да бидат ставени на интерконтинентални ракети, што се лансираат од копно, околу 2000 можат да бидат истрелани од подморници, и уште околу 2000, кои можат да бидат донесени на целта со стратегиски бомбардери со долг долет. Покрај нив, САД имаат уште преку 4000 „неактивни“, резервни боеви глави.

Русија располага со голем број „нестратегиски“ оружја

START I Abkommen 1991

Договорот СТАРТ 1 го потпишаа американскиот претседател Џорџ Буш и советскиот Михаил Горбачов

Рускиот арсенал, според проценки на стручни списанија, исто така содржи околу 5200 атомски боеви глави, од кои 1600 на интерконтинентални, од копно лансирани ракети, потоа преку 600 кои можат да бидат истрелани од подморници, како и околу 900 кои можат да бидат донесени до целта со бомбардери со долг долет. Разликата од околу 2 илјади боеви глави се објаснува со релативно големиот број „нестратегиски“ атомски оружја во Русија, како ракети и системи за противвоздушна одбрана, и тактичко атомско оружје како управувани крстосувачки ракети. И Американците исто така имаат околу 500 такви „нестратегиски атомски оружја“, од кои повеќето се стационирани во базите на САД во Европа. Руските „резерви“ изнесуваат околу 8800 атомски боеви глави.

Автор: Ханс Шпрос / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска