1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нуклеарна тревога во Јапонија

По силната експлозија во еден од реакторите на јапонската нуклеарна централа „Фукушима 1“ растат стравувањата за можно топење на јадрото на реакторот. Тоа би можело да предизвика нуклеарна катастрофа во земјата.

default

Фотографија од експлозијата во атомската централа кај Фукушима

По земјотресот на векот и огромните цунами бранови, на Јапонија сега и‘ се заканува и нуклеарна катастрофа. Во нуклеарната централа во Фукушима се случи експлозија, при што се урнале делови од реакторот „Фукушима 1“. Има повеќемина повредени.Атомските власти во Јапонија не исклучуваат топење на јадрото на реакторот „Фукушима 1“. Јапонскиот премиер Наото Кан претходно изрази загриженост поради состојбата во атомската централа, но не зборуваше за топење на јадрото.

Fukushima 2011 Karte Überblick Lage Japan

Топењето на јадрото е долг процес

Претходно, новинската агенција Кјодо јави дека откако откажал системот за ладење во нуклеарната централа Фукушима состојбата драматично се влошила. Проблемот настанува поради тоа што кога нема струја, не функционираат турбините, вентилите и доводот на вода за ладење на реакторите. Минхенскиот експерт за заштита од нуклеарно зрачење Едмунд Кенгфелдер за Дојчландфунк објасни:

„Дури и кога атомската централа е исклучена, настанува големо количество топлина и поради тоа реакторите мора да се ладат. Во спротивно доаѓа до топење на јадрото на реакторот.“

Топење на јадрото на реакторот, од што најмногу се стравува, како што појаснува нуклеарниот експерт Михаел Зајлер, од Еко-институтот Дармштат, е процес што трае подолго време:

„Материјалот, кој претходно бил во вид на нуклеарни прачки, е загреан на 1800, 2000 или 2400 степени. Тоа се нарекува топење на јадрото и тоа трае со денови и недели. Ако немаме среќа, тогаш тоа сето ќе биде поделено на процеси со експлозии, како оваа.“

Fukushima 2011 Atomkatastrophe

Полицајци патролираат со заштитни маски

Евакуација на населението околу централата

Во близина на Фукушима е утврдено присуство на радиоактивен цезиум. Јапонската влада нареди евакуација на населението од околината на нуклеарната централа, како што јавуваат агенциите, во радиус од 20 километри. Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека јапонските власти ја известиле оти прават подготовки на населението да му делат јод, кој помага во одбрана на телото од радиоактивност.

Во меѓувреме, на североисточниот брег на Јапонија почнуваат да се согледуваат вистинските размери на катастрофата. Најсилниот земјотрес во Јапонија во последните 140 години, по што следуваше цунами, зад себе остави пустош. И во текот на денешниот ден има пожари, а делови од населените места се под вода. Се претпоставува дека има над 1700 загинати. Според јапонската телевизија НХК, само во пристанишниот град Минамисанрику 10 илјади луѓе се водат како исчезнати. Во привремени сместувалишта се наоѓаат над 20.000 луѓе.

Автор: ЕМФ/СН/дпа/ртр/афп/дв

Редактор: Симе Недевски

DW.COM