1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НСА го шпионирала мобилниот телефон на Меркел?

Владата на САД негира дека американските тајни служби го надгледувале мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел. Но дури и сомнежот да е погрешен, канцеларката сега посериозно треба да ја сфати темата.

Кога американскиот претседател Барак Обама изминатата пролет беше во посета на Германија, аферата околу Националната агенција за безбедност - НСА тукушто изби. Таа беше предизвикана од Едвард Сноуден, поранешен соработник на оваа тајна служба. Сноуден, кој во меѓувреме доби привремен егзил во Русија, тогаш ѝ обелодени на светската јавност со какви методи НСА систематски го шпионира интернетот. Германија, според кажувањата на Сноуден, е особено во визирот на американските душкачи.

Германската канцеларка Ангела Меркел реагираше воздржано на обелоденувањата од Сноуден. На една заедничка прес-конференција со Обама по неговиот говор пред Бранденбуршката порта на 19. јуни таа интернетот го означи како „нов терен“. Потсмевот за ова навидум наивно тврдење за Меркел беше извесен, пред сѐ на интернет подмолните забелешки не познаваа граници.

Американскиот претседател се обидуваше да ги смири Меркел и германската јавност. Програмата за шпионирање „Призма“ била наменета за заштита на луѓето и се засновала на принципите на правната држава.

Баланс меѓу слободата и безбедноста

Можеби Обама тогаш и не претпоставуваше дека нема толку брзо да се ослободи од аферата. Тој, имено, тогаш исто така рече дека би морало да се сослушаат оние, кои за тоа имале поинакво мислење.

Obama in Berlin Rede Brandenburger Tor

Барак Обама пред Бранденбуршката порта

Обама изрази уверување дека било можно да се постигне баланс меѓу стремежот за безбедност и слободата, изјави американскиот претседател во Берлин. Во тоа сега може во голема мера да се посомнева неговата најважна политичка партнерка во Европа, Ангела Меркел. Имено можно е и таа самата да е жртва на душкачите од НСА. Како поранешна граѓанка на ГДР, која израснала во диктатура, сомнежот кон тајните служби кај неа со тоа е уште поголем.

Портпаролот на владата Штефен Зајберт преку соопштение ја информираше јавноста за страшниот сомнеж. Меркел во телефонски разговор јасно му порачала на Обама дека во случај да се вистина сомнежите, таа во никој случај не одобрува вакви практики и ги смета за целосно неприфатливи. Меѓу тесни пријатели и партнери не би смеело да има вакво надгледување на комуникациите на еден шеф на влада. Ова во голема мера би ја нарушило довербата.

САД негираат

Портпаролот на владата ан САД, Џеј Карни, преку соопштение ги негираше обвинувањата. Обама ја уверил германската канцеларка „дека Соединетите Држави не ја надгледуваат и нема да ја надгледуваат комуникацијата на германската канцеларка Меркел“. Речиси и да не може да се замисли дека ова објаснување ќе биде доволно за канцеларката Меркел. Колку е голема недовербата кај неа кога ќе се спомене НСА, откако веројатно и самата стана жртва, укажува и нејзиното невообичаено јасно соопштение за печатот. Имено, веројатно ѝ е сосема јасно дека оваа тема конечно треба да се сфати многу посериозно.

Ronald Pofalla Parlamentarisches Kontrollgremium

Роналд Пофала - координатор на тајните служби

Кога во јули и август беа обелоденити сѐ повеќе застрашувачки детали за размерите на шпионската афера, координаторот на германските тајни служби, шефот на кабинетот на Меркел, Роналд Пофала ја прогласи аферата за завршена во повеќе вонредни сединци на парламетнарното контролно тело. Со тоа не беа задоволни пред сѐ политичарите од редовите на опозицијата СПД, Зелените и Партијата на Левицата. Но и либералите, кои по изборите од септември не се застапени во новиот состав на Будестагот, исто така имаа сомнеж во смирувачкото толкување на Пофала.

Канцеларката бара договор

Сега, меѓутоа, Меркел притиска за конкретни мерки на САД. Таа очекува објаснување за „можниот целосен опсег на вакви пракси на прислушување во Германија“, се вели во соопштението на портпаролот на Меркел. Дека трпението на канцеларката е на крај може да се претпостави по тоа што за во иднина Меркел очекува со договор да се регулираат активностите на тајните служби и нивната соработка.

Многу членови на контролниот парламентарен одбор ќе се запрашаат, зошто токму сега доаѓа вакво јасно барање. Тие тоа го побараа уште пред три месеци. Но тогаш во Германија во ек беше изборната кампања и мобилниот телефон на Ангела Меркел сѐ уште не беше хакиран. Или во тој момент таа сѐ уште не го знаеше тоа.

Поврзана содржина