1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

НРВ- резултати

Според досегашните резултати, опозиционата Демохристијанска партија доби 45 насто гласови и има јасна предност пред социјалдемократите кои стигнаа до 37 проценти, шест насто помалку отколу на изборите во 2000 година. Од околу 13 милиони гласачи, спред првите проценки, на изборите излегле 60,5 насто, за разлика од 57 проценти во 2000.

Новиот премиер на Северна Рајна Вестфалија Јирген Ритгрес во победничка поза

Новиот премиер на Северна Рајна Вестфалија Јирген Ритгрес во победничка поза

Резултатот повеќе од разочарувачки за досегашниот премиер Пер Штајнбрук:

„СПД доживеа горчлив изборен пораз. Бидејќи јас сум врвниот кандидат на партијата, јас и го застапувам тој неуспех. Точно знам дека мора да се преземе и лична одговорност. Доброто меѓу демократите е тоа што на победникот, значи на ЦДУ со господин Ритгерс, треба да се му се честита„.

И зелените загубија гласови. Во моментов се наоѓаат на 6 насто, околу еден процент помалку отколку пред 5 години. Министерката за екологија на Северна Рајна Вестфалија, Бербел Хен изјави:

„Ова е јасен пораз и сега мора да видиме каде се причините и што можат да направат црвено-зелените за од овој пораз да научат нешто и за сојузните избори„.

Веројатната коалиција меѓу ЦДУ и либералите, кои исто така загубија гласови, но сепак стигнаа до околу 6 насто, во покраинскиот парламент во Диселдорф ќе може да владее со солидно мнозинство, а новиот премиер се вика Јирген Ритгерс. Со тоа Северна Рајна Вестфалија првпат по 39 години непрекинато владеење на социјалдемократите, повторно ќе биде водена од демохристијански пример. Ритгерс по победата:

„Знам дека избирачите денеска ни ја дадоа довербата и дека ни доделија задача. Задача да се грижиме Северна Рајна Вестфалија поторно да напредува. Оваа задача во наредните пет години ќе ја спроведеме со коалицијата на центарот„.