1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нојнер, Хартинг и кајак-осмерецот- спортисти на годината

При изборот за спортисти на годината во Германија, триумф на атлетичарите кои се закитија со злато на Олимпијадата во Лондон оваа година.

Девет месеци по повлекувањето, светската првенка и рекордерка во биатлон Магдалена Нојнер е прогласена за спортистка на годината во Германија.

Magdalena Neuner

Магдалена Нојнер

Ова е трето вакво признание за неа. Нејзината победа е уште повредна, зашто на спортистките од зимските спортови ретко им успева ваков пробив - освојување олимписки медал и избор на спрортист на годината во иста година . Тоа последен пат и‘ успеа на Катја Зајцингер во 1996 година. Од спортистите титулата ја доби олимпискиот победник во фрлање диск, Роберт Хартинг.

Helsinki Leichtathletik EM Diskuswerfen Robert Harting

Роберт Хартинг

Тој често стигнуваше на насловите во весниците поради својата навика по победа да го симне трикото од градите раскинувајќи го и така да им се прикаже на фотографите. Хартинг зад себе го остави светскиот првак во Формула 1 Себастијан Фетел, кој заврши на второ место.

Olympia 2012 Rudern Achter

Осмерецот-победник од Лондон

Од екипите, титулата најдобра ја однесе победничкиот тим од Олимписките игри во Лондон во веслање - кајак-осмерецот. Ова е резултатот од гласањето на околу 1500 германски спортски новинари. Наградите на носителите им беа врачени синоќа (16.12.2012) во Баден-Баден.