1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нориега се врати во затвор во Панама

Поранешниот диктатор треба да отслужи затворска казна за убиства на политички противници.

default

Мануел Нориега

Поранешниот панамски диктатор Мануел Нориега денеска (11.12) беше екстрадиран од Франција во родната Панама каде треба да отслужи затворска казна од 20 години поради убиства на политички опоненти.

77-годишниот Нориега беше урнат од власт по американска воена интервенција во 1989 година, и оттогаш мина 20 години по затвори, најпрво во САД, а потоа и во Франција, откако беше осуден за шверц со дрога и перење пари за време на владеењето.

Неговото враќање во Панама не се очекува да предизвика поголеми политички потреси, бидејќи Нориега речиси и да нема поддржувачи. Но фокусот ќе биде насочен кон можноста, поранешниот воен диктатор да проговори за судбината на стотици луѓе кои исчезнаа или беа убиени за време на воената хунта, која владееше со Панама од 1968 до 1989 година.

Автор: БГ/афп

Редактор: ЕМФ