1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Норвешкиот министер за надворешни работи мета на атентат во Кабул

Бројот загинати по вчерашниот атентат врз еден луксузен хотел во Кабул се искачи на седум. На повредите им подлегна норвешкиот новинар Карстен Томасен, кој за време на нападот се задоби со повреди.

default

Оклопно возило во близината на хотелот „Серена„ во Кабул

Луксузниот хотел „Серена„ се наоѓа во центарот на авганистанскиот главен град. Тој е специјално заштитен со бетонски бариери и железни огради, а контролите се многу строги. Во него често гостуваат политичари од странство, како што е и норвешкиот министер за надворешни работи Јонас Гар Стере. Вчера тој отвори една конференција во хотелот и се наоѓаше во него кога се случи нападот. Според информациите на авганистанското министерство за внатрешни работи, четворица герилци извршиле напад со рачни гранати, додека еден од нив се кренал во воздух. Тие успеале да убијат двајца вооружени чувари и да продрат во хотелот, каде самоубиецот го активирал експлозивот. Детонацијата се почувствувала во поширок круг на главниот град.
Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците, кои потврдија дека му бил наменет токму на норвешкиот министер за надворешни работи Стере. Норвешка во Авганистан има 500 војници во рамките на меѓународните сили ИСАФ и до март има намера да испрати уште 200. Токму минатиот викенд една чета на норвешкиот контингент беше вклучена во остри борби со талибанските бунтовници.