1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Норвешкиот атентатор не се чувствува виновен

Судот во Осло му одреди мерка притвор во траење од 8 недели на Андерс Беринг Брејвик обвинет за петочниот масакр во кој загинаа 93 луѓе. Тој пред судот го призна делото, но изјави дека не се чувствува виновен.

default

Осомничениот за двојниот терористички напад Андерс Беринг Бреjвик по првото сослушување во судот во Осло

Андерс Беринг Брејвик четири од наредните осум недели притвор што му ги одреди судијата во Осло ќе ги мине во целосна изолација. Притоа ќе му биде забранета секаква комуникација со надворешниот свет, односно нема да може да прима пошта, посетители, ниту да воспостави контакт со медиуми.

Одредениот притвор, кој е во согласност со барањата на обвинителството, ќе овозможи полесно да се одвива истрагата за масакрот што го изврши 32 годишниот Брејвик, но и за неговите денешни тврдења во судот дека тој имал уште две групи соработници.

„Обвинетиот денеска даде изјави кои бараат натамошна истрага, вклучително и онаа дека во неговата организација има уште две ќелии“, изјави надлежниот судија Ким Хегер. Оваа изјава на Брејвик е во спротивност со неговото првичното тврдење дека бомбашкиот напад во норвешкиот главен град и вооружениот масакр на островот Утоја во петокот ги извршил сам.

Тој денеска во судот истакна дека постапувал во одбрана на Европа од исламот.

Deutschland Norwegen Gedenken an die Opfer der Anschläge in Berlin Flagge

Норвешка во тага

Мерката притвор може да биде продолжена, а судењето за случајот најверојатно ќе започне по една година.

Инаку денаска група млади го нападнаа возилото пред судот во Осло, во кое претпоставувале дека се наоѓа осомничениот Андерс Беринг Брејвик. Тие извикуваа „убиец“ и „предавник“.

Судијата Хегер претходно донесе одлука првото сослушување на осомничениот да се одвива зад затоврени врати со цел да спречи Брејвик судницата да ја искористи како форум за неофашистичка и антиисламистичка пропаганда.

Со минута молчење точно на пладне во Норвешка и останатите скандинавски земји им беше оддадена почит на жртвите.

Автор:СН/АТ/ртр/афп

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM