1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Норвешка е европски првак

Европското првенство во ракомет заврши. Норвешка ја одбрани титулата. Германија повторно остана без медал. Оценките на официјалните лица се дека Македонија беше добар домаќин на правенството.

default

Норвежанките слават уште една титула

На крајот на шампионатот, Норвешка остана неприкосновен владетел на европскиот ракомет - во финалето ја надигра Шпанија со 34:21. Резултатската неизвесност траеше само едно полувреме. Шпанија немаше доволен капацитет за да му се спротивстави на силниот норвешки состав. Сепак, Шпанките се главното изненадување и освежување во европскиот ракомет.

Германија не успеа да стигне до бронзениот медал

Во „малото финале“ Германија загуби од Русија со 24:21. Без повредената Грит Јурак, капитен, најдобар стрелец и стожер на

Europa Meisterschaft Handball

Дуел од мечот Германија - Русија

екипата, шансите на тимот беа сведени на теоретски. Русинките имаа постојана резултатска предност, го освоија бронзениот медал, а Германија остана четврта.

Македонија во конечниот редослед е на седмата позиција, што е најдобро досегашно остварување. За ракометарка на првенството е прогласена Норвежанката Катрин Лунде. Германката Јурак е во идеалниот тим како најдобар десен бек.

Добри оценки за Македонија

На завршната прес конференција на Европската ракометна федерација беа изнесени позитивни оценки за Македонија, за Скопје и Охрид, како

Handball EM der Damen in Mazedonien

Добра организација на првенството

организатори на Европското првенство. Михајло Михајловски, претседател на Ракометната федерација на Македонија оцени:

„Овој шампионат ги исполни сите очекувања кои ги имаа не само гледачите во Македонија, туку мислам и во сите останати европски земји. Имаше многу скептици околу тоа како ќе помине Македонија и на резултатски план и на какво ниво ќе биде организиран шампионатот. Добивме доверба да го организираме шампионатот, а на крај и пофалби од страна на раководнита лица од Европската ракометна федерација. Комплетно го положивме испитот. “

Инаку, во Скопје беше извлечена ждрепка за бараж-двојките за учество на светското првенство во Кина, во 2009. година. Македонија ќе игра против Австрија, а Германија ќе бара место на мундијалот низ мечевите против Србија.