1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Норвешка врти в десно

Левата коалиција во Норвешка го загуби мнозинството, во новиот парламент по изборите ќе доминира граѓанскиот табор, вклучително и десните популисти. Премиер веројатно ќе биде конзервативката Ерна Солберг.

Десницата убедливо победи на вчерашните парламентарни избори во Норвешка, освојувајќи 96 од вкупно 169-те места во Законодавниот дом, покажуваат официјалните резултати по пребројувањето на 97 проценти од гласачките ливчиња.

Владејачката левоцентристичка коалиција на премиерот Јенс Столтенберг освои само 72 мандата, а еден отиде кај партијата на Зелените, која првпат влегува во норвешкиот Парламент, покажуваат прогнозите на Централното статистичко биро.

Ерна Сoлберг ( на насловната фотографија) изјави дека нејзината четирипартиска десна коалиција освоила историска победа.

„Гласачите имаа избор меѓу 12 години црвено-зелена коалиција или нова власт и не‘ избраа нас. Имаме четири-пет недели за да составиме нова влада“, изјави таа. #b

Столтенберг го призна поразот на парламентарните избори и на лидерката на десната коалиција Ерна Сoлберг и‘ ја честита победата.

Поразот Столтенберг го објасни со два фактора - силната желба за промени по осумте години левоцентристичко владеење и големиот број апстиненти на гласањето, кои беа поддржувачи на досегашната власт.

За време на Столтенберг, Норвешка го продолжи стопанскиот успешен развој и помина релативно без последици во најголемата финансиска криза во повоениот период. Но, многумина гласачи тоа повеќе го припишуваат на енормното богатство со нафта на земјата, отколку на политиката на премиерот. Освен тоа, на товар на Социјалдемократите се става потфрлувањето на службите во спречувањето на атентатот од Андерс Беринг Брејвик, кој во јули 2011. година уби 77 луѓе на островот Утоја.

Составот на новата влада не се очекува пред новата парламентарна сесија на почетокот на октомври. Конзервативците за последен пат управуваа со Норвешка во 1990 година.