1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Норвешка води според бројот на медали на ЗОИ

На четири дена пред крајот на Олимпијадата, норвешките олимпијци се искачија на првото место на табелата според вкупниот број на освоени медали, како и според бројот на златните медали.

На четири дена до крајот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Сочи, Норвешка се искачи на врвот на табелата на носители на медали. Норвежаните во текот вчерашниот ден освоија уште две златни медали и ја поминаа Германија која остана на осум најсјајни одличија. Кон врвот се доближуваат и САД кои вчера се радуваа на едно прво место. Биланс на освоени медали:

1. Норвешка (9 златни - 4 сребрени - 7 бронзени) 20 вкупно,

2. Германија (8-3-4) 15,

3. САД (7-5-11) 23,

4. Русија (6-9-7) 22,

5. Холандија (6-7-9) 22,

6. Швајцарија (6-3-1) 10,

7. Канада (5-9-4) 18,

8. Белорусија (5-0-1) 6,

9. Полска (4-0-0) 4,

10. Франција (3-2-6) 11...

Вкупно 20 земји имаат освоено барем по еден златен медал, а 26 држави се освојувачи на медали.