1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Номадски ромски живот во модерна Франција

Терминот „Циган“ ретко се слуша, бидејќи се смета за дискриминирачки. Еден мал француски циркус се нарекува Цигански циркус, бидејќи трупата е горда на својата традиција.

Александре Романес, кој потекнува од голема циркуска фамилија, пред 20 години основа мал, но многу оригинален циркус - Циркус Романес. Се работи за група од 40 лица, кои во најголем дел се Роми, кои со својот шатор се селат низ Франција и Европа. Тие сакаат да ја оживеат старата култура на номадски живот. Тоа не секогаш е едноставно и членовите од фамилијата Романес немаат многу мир.

Сепак Васил, виолинист во Циркусот Романес, со музика се подготвува за претстојниот ден. А, и со Библијата. Тој е христијанин, како и многу Роми.

Romafamilie in Marseille

Ромите подолго остануваат на едно место само во зимскиот период

„Гласот од Бога му дава спокој на моето срце. Од Бога доаѓа и мојата сила и мојот талент за свирење виолина. Тоа го донесе Светиот дух. Јас никогаш во животот не сум имал часови по музика“, објаснува Васил Константин.

Приколките на патувачките артисти стојат на периферијата, на едната страна од реката Гарона, која ги дели богатите од сиромашните во Бордо. Василе е горд што припаѓа на номадски народ и во Циркусот Романес.

Тој, Александре Романес, е директорот во циркусот. Но, на титулата и’ обрнува малку внимание. Пред неколку децении тој се откажа од тоа да биде престижен забавувач и основа патувачки цигански циркус според стариот модел. Дека со тоа може да провоцира, не допира до него.

„Номади има низ целиот свет и насекаде ги бие лош глас. Така на нас се гледа како на Индијанците во Амазонија или како на одредени народи во Африка. Тие едноставно пречат и се прави се’ за да се населат на едно место“, вели Александре Романес, директор во Циркус Романес.

Symbolbild Zirkus Circus bunt Clown

Романови цела година живеат од работата во циркусот

Населувањето им штети на Ромите, сметаат Романес. Во сиромашните квартови, во кои живеат најголем дел од Ромите во Франција, тие ангажираа артисти и создадоа нова голема фамилија.

„Ова е мајка на мојата сопруга, таму десно е нејзината тетка, а ова овде мислам дека е подалечна братучетка. А, ова е мојата ќерка. Ова е нешто многу убаво во циганските фамилии. Постарите не се маргинализирани. Ние живееме сите заедно“, објаснува Романес покажувајќи кон жените во една просторија, кои варат кафе.

Работата во циркус понекогаш е тешка. Александре Романес контролира дали вежбаат младите уметници. Децата се гордоста на циркусот. Тие се дел од големото семејство Романес, која го отфрла системот на социјални класи.

„Младите луѓе денес се заведени. Тие се доведени до ситуација да веруваат дека се значајни модата, спортските натпревари или социјалниот напредок. Не знам колку луѓе со овие вредности треба да бидат среќни. Тогаш сите богати би биле среќни“, нагласува Александре Романес.

Iran wöchentliche Galerie KW13 /12

Со циркусот се задржува традицијата

Нивните замисли се токму доволни за Романесови да можат да живеат. Цела година тие се селат низ Франција. Само во зима остануваат нешто подолго на едно место. Како најголема среќа тие ја сметаат можноста од минута во минута да одлучуваат каде и кога да настапат.

„Она што е значајно за нас е среќавањето со други луѓе - овде и сега. Ние не ни размислуваме за следниот ден“, вели директорот на циркусот.

Миксот од ромска музика и уметнички дела ги фасцинира сите. Притоа не игра никаква улога дали при некој артистички настап нешто ќе тргне наопаку.

„Тие зрачат со огромна животна радост. Тоа ни помага подоцна во сите тешки моменти“, вели една посетителка во циркусот.

„Подоцна на Ромите се гледа поинаку - на оние кои седат на улица и просат. Се гледаат како членови на еден народ“, објаснува посетител на циркусот.

Малиот циркус на периферијата од градот ја подгрева атмосферата. За многумина „циганскиот живот“ повеќе не е навредлива изрека.