1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Нокиа“ укинува десет илјади работни места

„Нокиа“ го „преспа“ трендот на смартфон. Финскиот коцерн бележи загуби и повлекува консеквенци-засегнати се и фабриките на фирмата во Германија.

Финскиот мобилен гигант „Нокиа“ ќе го намали персоналот во Финска за 3.700 вработени, при што, меѓу другото, ќе биде затворена и фабриката на компанијата во Сало. „Нокиа“ подготвува вкупно 10.000 отказни решенија во глобални рамки до крајот на 2013-та година.

Во исто време, „Нокиа“ на прес-конференцијата соопшти дека компанијата ја намалува својата прогноза за второто тримесечје годинава.

Засегнат од кратењата е и погонот за Истражување и развој во Илм во Германија со 730 вработени, кој треба да биде затворен до крајот на септември. Но, портпаролот на „Нокиа“ истакнува дека Германија останува важна локација за развојните активности на фирмата. Во Берлин постои центар во кој фокусот ќе биде новиот смартфон од марката Лумиа и сродни понуди.

Освен веќе спроведените мерки за заштеда на околу 700 милиони евра, компанијата планира да ги намали трошоците за уште 1,6 милијарди евра.

По објавувањето на ваквите информации акциите на „Нокиа“ по отворањето на берзата во Стокхол мведнаш падна за 7,5 проценти.